Женскиот ракометен клуб Лихнид забележа нова победа во Кадетската лига совладувајќи го градскиот ривал Женскиот ракометен клуб Сани со 22-19 (14-8).

Двете екипи одиграа добар и содржаен натпревар. „Китовите“ носени од искуството доминираа во првиот дел и на одмор заминаа со шест погодоци предност. Во второто полувреме ракометарките на Сани успеаја да преполават негативата но не и да ја надополнат за позитивен резултат.

Во тимот на Лихнид најпрецизна беше Менда Далипоска со 9 голови а по неа следуваа Кристина Костеска и Маја Кутаноски со четири погодоци. Во екипата на Сани по шест голови реализираа Нена Нестороска и Сара Кочоска.

Лихнид со вториот триумф во третиот меч сезонава ќе се искачи на втората позиција а Сани со скор од една победа, реми и пораз ќе ја дели третата позиција со тимот на Феникс.

OhridNews