Традиционално по трет пат, синоќа во Лескоец се одржа фестивалот на народни препеани песниФолк фест Спасовден 2013.


И годинава на фестивало учество зедоа реномирани фолк изведувачи како Наум Петрески, Анета и Молика, Евто Пупиновски, Сузана Гавазова Чуле и Дрим тим, Новица Василевски, Татијана Лазаревска, Куба и Акорди, Елена Јовчевска, Дарко Билбиловски, Орце Стефковски, Сања Петковска, Петар Нечоски и др., а специјална гостинка беше бугарската фолк пејачка Рајна.

Фолк фест Спасовден нема натпреварувачки карактер, туку е ревијален фестивал, кој има за цел зачувување на македонската изворна музка.


Фолк фест Спасовден 2013 се одржа под покровителство на Општина Охрид, а настанот се емитуваше на австралиската Сателитска тв „ИНТВ“ која неодамна се гледа ширум Европа,ТВ Сонце и 13 локални македонски телевизии.

OhridNews
фото: ЕМИЛИО