Во последните неколку денови низ струшките улици забележано е зачестено труење на бездомните кучиња, информираат од Здружението за заштита на животните „Animal World“ Струга.

Загрижува фактот дека и покрај бројните апели на активистите, и понатака несовесни поединци проблемот со бедзомните животни се обидуваат да го „решат“  расфрлувајќи отров по градските населби.

Здружението за заштита на животни Animal World од Струга сака да ги предупреди граѓаните на Струга да внимаваат на своите деца и домашни и маалски миленици,бидејќи во последните денови е забележано зачестено труење на улични кучиња. Се работи за кучиња кои не се агресивни и не претставуваат опасност за никого.“ – велат активистите на „Animal World“.

Оттаму апелираат до сите оние кои имаат информации за поединци кои расфрлаат отров, да пријават во полиција или да ги исконтактираат активистите на „Animal World“.

Се работи за кривично дело предизвикување општа опасност според член 288 од Кривичниот Законик на РМ за кое е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.“ – потенцираат од „Animal World“.

Инаку, струшкото здружение за заштита на животните континуирано се залага за отворање на стационар на територијата на општина Струга, како и масовна кастрација и стерилизација на бездомните животни.

OhridNews