Креативни декорации, вкусно подготвени и аранжирани јадења и пијалаци и умешност, покажаа на дегустацијата во РЦСОО „Ванчо Питошески“ учениците кои го полагаат практичниот дел од завршниот испит по предметите Готварство и Угостителско послужување.

Матурантите од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ги покажаа стекнатите гастрономски вештини

Честитки до сите матуранти. Им посакуваме многу среќа и успех, да станат готвачи со Мишелин ѕвезди, а келнерите да имаат успешни кариери и да дојдат до свои објекти каде ќе можат да ги презентираат сите знаења стекнати во нашето училиште, изјави директорот на РЦСОО „Ванчо Питошески“, Тони Андрески.

Тони Андрески. – Директор на РЦСОО „Ванчо Питошески“.

Учениците во РЦСОО „Ванчо Питошески“ покрај со теоретски знаења, се стекнуваат и со практично иксуство што треба да им помогне подобро да се вклопат на пазарот на труд каде квалитетниот угостителски кадарот е еден од најбараните.

Г.М.
Фото: А. Момироска