Навивачката групата „Рибари“ предпоследниот тренинг на охридските ракометари пред дуелот со Струга во Супер лигата го направија спектакуларен. „Рибарите“ во еден глас ги бодреа ракометарите, кои, на момент го прекинаа тренингот и им се заблагодарија на навивачите за констната поддрша во текот на оваа и минатите сезони.

Втората епизода од „Езерското“ дерби во Супер лигата ќе се одигра в сабота со почеток во 19 часот во СРЦ „Тими“ во Струга. Домаќинот на дерби пресметката обезбеди трибина и место за навивачката група „Рибари“ и љубителите на ракометот и спортот во Охрид. Местото на охриѓани ќе им биде на Северната трибина веднаш до главниот пат Охрид – Струга. Цената на билетот ќе изнесува 100 денари.

OhridNews