По повод големиот верски празник Велики Поклади, Прчка, и оваа година во Велгошти се одржа традиционалниот маскенбал “Емшири 2023″.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, а организаторот обезбеди симболични подароци за сите маскирани дечиња (емширчиња), кои на креативен начин го одбележаа празникот Прочка.
Младите емширчиња на креативен начин го одбележаа празникот Прочка во Велгошти
Г.М.