Новата шампионка на најстариот грен слем турнир Вимблдон, Гарбин Мугуруза блескаше во бела тоалета и ги засени сите присутни на гала вечерта која се одржува по завршување на финалните натпревари во машка и женска конкуренција.

23-годишната тенисерка на Вимблдон ја освои втората титула од големите турнир. Сефте од грен слем збиднувањата Мугуруза имаше минатата година на Ролан Гарос совладувајќи ја Серена Вилијамс.

Воздишки за својот елегантен стил украде и Рожер Федерер кој на гала вечерта се појави со својата сопруга Мирка.

Швајцарецот ја освои осмата титула на Вимблдон победувајќи го Марин Чилиќ во финалето.

OhridNews