Познатиот загребски бенд „Парни Ваљак“, синоќа одржа одличен концерт на стадионот на спортскиот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид. Повеќе од два часа публиката уживаше во хитовите што групата ги создаваше уште од далечната 1975 година. Иако во поодминати години Аки Рахимоски, Хус и останатите од легендарниот бенд изгледаа и звучеа енергично, на што може да им позавидат многу од денешните музички изведувачи.  Публиката која беше од различни генерации во еден глас ги пееше познатите рефрени од “Јесен у мени тугује“, “Проклета недеља“, „Угаси ме“ и многу други, за на крајот да ги врати на бис за да ужива во уште неколку незаборавни песни на „Парни Ваљак“.


Одличен концерт на „Парни Вањак“ во Охрид

OhridNews