На снаодливоста кај нашиве луѓе никогаш крај. Во една мала сендвичара која често прави роденденски забави за деца, сопственикот „системчето“ за пуштање музика го сместил на чудно, но „прикладно“ место – во фрижидер.
Зошто прикладно? Па заштитено е од преголема љубопитност на дечињата кои би можеле да го чепкаат. Е сега, зошто го ставил баш во фрижидер, не е јасно. Ама интересно е. Ако ништо друго сигурно ќе се слуша “cool” музика. Замислете сцена „Драга, отвори во фрижидерот и пушти ја третата (песна)“. Супер.












