Бандерите оштетени од неодамнешниот снег во Охрид, се уште не се поправени и претставуваат голема опасност за минувачите, но и закана по имотите на граѓаните будејќи висат над дворови, куќи, згради, паркиралишта…
Една таква има и на улицата „Сатеска“, но итрите корисници намето да ги санираат оштетувањата, инсталациите од искривената бандера ги врзале за електричен столб.
Локалните жители велат дека и покрај „креативното решение“, бандерата и натаму претствува голема опасност и апелираат до надлежните наместо да се прават импровизации вистински да се поправи оштетената инфраструктура пред некој да настрада.
OhridNews














