Националистичкото лудило во земјава продолжува. 100 годишнината од одбележувањето на независноста на Албанија, националистите вешто ја користат да ги распламтат меѓуетничките тензии. Ниту Охрид, каде меѓунационалните односи секогаш биле на завидно ниво, не остана имун на ваквите појави. По обидот да биде поставено знамето на Албанија на јарболот пред Самуиловите тврдини каде се вее државното знаме, денеска осамнаа националистички графити на градското пристаниште. Светилникот е испишан со пораки за етничка Албанија, а со таква порака е ишаран и бродот „Македонија“.


Националистички пораки ги вознемирија охриѓани

OhridNews