Ракометниот натпревар од првата рунда во националниот куп меѓу Охрид и Струга на големо задоволство на актерите на двата тима  ја исполна
спортската арена “Атина Бојаџи“.


Мечот мина без поголема работа за припадниците на СВР Охрид кои ги превзедоа сите мерки мечот да мине без проблеми.

Вродија со плод апелите на клубот организатор, како и сите преостанати чинители мечот да мине без инциденти.

Но она на што треба да поработат навивачите е креативноста, тие наместо да го бодрат својот тим, беа фокусирани кон навредување на спротивниот табор притоа не
бирајќи зборови, што секако не е за пофалба.

М.П.