Знаците и информативните табли кај нас постојат за да не се почитува предупредувањето испишано на нив. Дека е така еве уште еден пример од влезот во заштитената зона на националниот парк Галичица. Секакво ѓубре е расфрлано покрај патот во непосредна близина на таблата на која читко и јасно е испишано што може, а што не може и не треба да се прави. По се изгледа џабе.


OhridNews