„Бор садила мома Евгенија“, „Море сокол пие“, „По друм одам мајче“…, изворна македонска песна измешана со поезија синоќа одекнуваше во центарот за култура „Григор Прличев“. Присутните со голем аплауз ги наградија охридските музичари Петар Маркоски и Даниел Јовески, кои го изведоа концертот „Не кажувај либе добра ноќ…”, посветен на македонската традиционална песна. Гости на концерот што се одржа по повод празникот на виното Св. Трифун и на вљубените Св.Валентин, беа Охридските чалгии и КУД „Дримкол“, а стихови читаше актерот Ивица Цонев.

-Се надеваме дека овој концерт ќе прерасне во традиција и дека во Охрид ќе се случуваат повеќе културни настани, рекоа музичките уметници, кои на  публиката и пружија несекојдневно уживање.


„Не кажувај либе добра ноќ“ ги разнежни срцата на охриѓани

OhridNews