Секое лето паркингот во градот претставува огромен проблем. Доаѓаат викендаши, туристи, а доволно паркинг нема  ниту за граѓаните. Така често пати се случува службениот влез од градинката на улицата „Никола Карев“ да го блокираат 2 до 3 возила. Поради тоа не може да пристапи службеното возило од градинката, а „Комуналец“ едвај го празни контејнерот што е поставен тука. Во обид да го заштитат службениот влез вработените поставиле предупредување кое во недостиг на посоодветно решение го закачиле на блискиот орев.


Фото: Васко Бујароски