Охридските кошаркари им се вратија на обврските во Новата 2018 година одржувајќи редовен тренинг во спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ пред утрешното заминување за Чачак каде ќе се сретнат со Борац во 12-та рунда од Втората АБА лига. Кошаркарите на АВ Охрид одмор и пауза за полнење на батериите имаа нецела дена и во полн погон се вратија уште на првиот тренинг.

– Најпрво да ви посакам добро здравје, среќа и успех во приватните животи во Новата 2018 година. Се` другото на спортски план ние ќе го оствариме на терен заедно. Не очекуваат тешки натпревари во Втората АБА лига и нашиот шампионат, уште потешки од првата полусезона и затоа ќе работиме максимално ангажирано и посветено за да ги оствариме нашите цели. – им се обрати на играчите тренерот Петар Чочороски. 

Надвор од стројот поради повреда беше Бранко Јанески, додека останатите кошаркари се здрави и подготвени за новите предизвици.

Во есенската полусезона „галебите“ во Првата лига завршија на седмата позиција со пет победи и шест порази, додека во Втората АБА лига скор од една победа и единаесет порази и се наоѓаат на последното место на табелата.

Нов кошаркар во јатото на „галебите“

OhridNews