Охриѓани се жалат дека на само неколку метри од патот во близина на селото Велестово, деновиве се шири непријатна миризба од остатоци на мртво животно.
Оние кои секојдневно ја гледаат оваа грда слика, заедно со мештаните од ова охридско село, стравуваат од појава на зарази.
Истите, апелираат до надлежните институции да преземат соодветни мерки и да го дислоцираат лешот од атарот на селото.
О.Т.