Возачите кои секојдневно поминуваат по охридската улицата „Питу Гули“ се жалат дека поради неодамнешни градежни зафати, асфалтот на еден дел од коловозот е пропаднат и претставува опасност за автомобилите.

Асфалтот пропадна поради неквалитетна тампонажа и ненавремено асфалтирање. Демне опасност бидејќи возачите не можат навреме да видат колку е пропаднат асфалтот, па често се приморани наеднаш да сопрат, а тој што вози позади нив мора нагло да закочи.“ – вели наш сограѓанин.

Охриѓани потенцираат дека потребно е возачите да бидат известени и повеќе да внимаваат на овој дел од патот, апелирајќи до надлежните да интервенираат соодветно и да ја санираат улицата.

Инаку вакви проблеми има и на други сообраќајници во градот, а причината речиси секаде е иста.

OhridNews