Дванаесеттата вечер на Summer comedy marathon во Џез Инн го донесе урнебесното продолжение  од незаборавното шоу NITRO 2 LIVE.

Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски + публиката, приредија извонредна забава која одекна посилно, погласно и отиде подалеку.

Импровизација, спонтани шеги и целосна интеракција – NITRO 2 LLIVE не беше само шоу, туку експлозија на смеа!

Summer comedy marathon продолжува со исто темпо се до 13 август кога на програмата е големото финале што ќе се случи на сцената Долни сарај каде ќе настапат едни од најдобрите стенд-ап комичари на Балканот, Никола Тодороски – Македонија и Срѓан Олман – Србија.

Карти и резервации за финалето на Summer comedy marathon на следниот ЛИНК.

Фото галерија:

Фото: “NITRO 2 LIVE” – посилно, погласно, подалеку!

Г.М.