Интензивните врнежи од дожд кои неделава континуирано паѓаат во Охрид, повторно ги поплавија градските улици.

Граѓаните по навика, мака мачат да ги поминат преплавените коловози, а проблемот со атмосферските води кој долго време се провлекува се уште не е решен.

Новата локална самоуправа ќе има доста работа околу решавањето на овој долгогодишен проблем, особено што во  пониските реони водата продира во домовите на охриѓани.

О.Т.