Обилните врнежи од дожд и снег, вчера поплавија повеќе улици во градот. Граѓаните мака мачеа да ги поминат преплавените коловози, а очигледно дека и во новата година остануваат старите проблеми.
нов дожд, стара слика
Инаку, покрај неколкуте инфраструктурни зафати, проблемот со атмосферските води во Охрид, се уште не е решен. При секој поголем дожд, доаѓа до поплавување не само на градските коловози, туку и на домовите на охриѓани кои се наоѓаат во пониските реони.
О.Т.