Дека нови диви депонии никнуваат нaсекаде околу нас, говори оваа грда слика која ги затекнува граѓаните покрај регионалниот пат Пештани – Градиште.

Жителите на охридското село Пештани се жалат на отпадот и новата депонија, која е никната во близина на хотелот Десарет.

Тие очекуваат дека надлежните служби ќе интервенираат на овој потег, со цел отпадот да биде отстранет пред почетокот на туристичката сезона.

OhridNews