Откорнати и расфрлани клупи, оштетувања на инфраструктура, поплавени дворови на куќите кои се наоѓаат до самото езеро. Ваква глетка утрово ги затекна охриѓани по синоќешното невреме проследено со силен ветер и обилни врнежи од дожд.
Најголеми оштетувања претрпе Мостот на желбите, кој буквално е разнесен од силните бранови.
Според најавите ветровито, облачно и врнежливо време ќе преовладува и денеска, а на места врнежите од дожд ќе достигнат и до 50 литри на метар квадратен.