Сончевото време на првиот ден од Новата година и покрај ниските температури, ги наполни шеталиштата во Охрид. По прославата на новата година на која неизбежна е богатата трпеза, охриѓани и бројните туристи денеска уживаа во прошетка на чист воздух покрај Охридското Езеро.

Охриѓани туристите уживаат во јануарското сонце

Охрид за Нова година е исполнет како во шпиц на сезона. Најбројни се гостите од земјава и соседните држави.

Г.М.
Фото: Н.С.Ј.