Српскиот стратег Драган Антиќ ги отвори вратите за охриѓани. На тренингот пред мечот со Силекс дел од  фудбалерите на Охрид Лоте имаа можност да се приклучат и физички да се спремат за натпреварот кој ги очекува  в недела со Локомотива од 13-та рунда во втората македонска фудбалска лига.


– По мене тоа е наша екипа како “помал брат“,  тука сме да му помогниме на Охрид Лоте секогаш кога треба – потенцираше Антиќ.

Мх.П.