Екипата на Струга Трим Лум на стадионот со вештачка трева во Охрид ги започна подготовките за втората полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад. Стружани есенската полусезона ја минаа први низ целта, а во вториот дел од лигата посакуваат задржување на истата и пласман во елитното друштво.

  • Охрид во овој дел од годината нуди најдобри услови и тука ќе ги одработуваме подготовките. На почетокот ќе ставиме акцент на физикусот, а полека ќе додаваме дел од моите тактички замисли. Целта останува иста влез во Првата лига, а имаме речиси два месеци да се подготвиме и оствариме. – изјави тренерот на стружани, Јетон Беќири.

Во текот на подготовките „црвено белите“ ќе одиграат седум контролни средби против Гоблен Јуниор, Ренова, Силекс, Борец, Велазерими, Тетекс и Гостивар.

OhridNews