Во Охрид денес на секој чекор се празнува и слави големиот верски празник Богојавление Водици. На тезгите поставени околу градското пристаниште традиционално се точеше топла ракија, се делеше пача, се пееше и славеше.

Бројните охриѓани и гости ги исполнаа и кафулињата и рестораните.

Се полнеше од осветената вода за здравје, верниците се капеа во осветените езерски води, се палеа свеќи во чест на празникот.

OhridNews