Угостителската понуда на Охрид отсега е побогата за ресторанот „Мезе бар 10“ кој синоќа беше свечено отворен.

Овој не класичен ресторан, прв од ваков вид во градот, ќе работи на принципот мезе. За почеток, покрај големиот избор на јадења, Мезе бар 10 нуди 30 видови ракија и 100 вида вино, а сето тоа по пристапни цени. Специјалитет на куќата е џигер, подготвен на специфичен начин да ги задоволи вкусовите на најпребирливите гурмани.

Уникатниот амбиент го надополнува убаво уреден ентериер, професионална услуга, необична амбалажа, како и акустична музика која ќе ги забавува гостите секој четврток, петок и сабота.

„Мезе бар 10“ се наоѓа на улицата „Јане Сандански“ во објектот на поранешен „Скај“ односно „Лихнид“.

Забавата во „Мезе бар 10“ вечерва, и претстојниот викенд продолжува со вкусно мезе, голем избор на вино и ракија и акустична музика.

OhridNews