Иако дождот придонесе бројот на граѓани кои присуствуваа на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на езерото да биде помал од очекуваниот, во Охрид денес на секој чекор се празнуваше и славеше големиот верски празник Богојавление Водици. Се полнеше од осветената вода за здравје, верниците палеа свеќи во чест на празникот.

На тезги традиционално се точеше топла ракија, се делеше пача, се пееше и славеше. Весело беше и во бројните ресторани и кафулиња, каде денес како и секоја година бесплатно се дава топла ракија.

Членови на тајфата која го фати крстот ги посетија домовите каде на домаќините им посакаа здравје и уште многу години да се слави празникот.

  

OhridNews