Маглата деновиве не ја одбегна ни Охридската котлина. Охрид и Охридското Езеро и да не се гледаат од густата магла налегнала над нив.

Охрид и Охридското Езеро завиени во магла низ објективот на Илија Волкан

А, таму горе на височините на Галичица, сосема спротивното, чисто небо, сонце и свеж воздух.

Климатските промени, невообичаеното топло време за овој период од годината, но и загадувањето се чини го земаат данокот.

Маглата не дозволува ни проветрување на воздухот, па деновиве можеа да се забележат и покачени вредности на амбиенталниот воздух и во Охрид.

Н.С.Ј.

фото. Илија Волкан