Живата во термометарот оваа ноќ е десетина степени под нулата. Градот е окован во мраз и снег, а намалена е и фреквенцијата на движење во ноќните часови. За разлика од ноќва, вчерашниот ден беше идеален за прошетки по новиот снег. Нему најмногу му се израдуваа децата кои ги запоседнаа околните падини, а раздвижено беше покрај езерото каде охриѓани рекреираа на чист воздух и уживаа во прекрасниот зимски амбиент.


Охрид мрзне во минус, но и тогаш е преубав

Горан Момироски