Охрид полн со гости за празничниот осмомартовски викенд. Најбројни се туристките од соседните земји, меѓу нив од Србија и Црна Гора, како и од другите поранешни југословенски држави. Можат да се забележат и групи туристики од Бугарија и Грција.

За добро расположение придонесува и убавото сончево време, што гостите го користат за прошетки низ стариот дел на градот, на кејот на Охридското Езеро, како и за прошетки со брод по езерото.

Н.С.Ј.
фото. Г.М.














