Околу 10.000 гости престојуваат во Охрид за празникот Први Мај, а дополнителен број туристи се очекуваат и за велигденските празници. Голем дел од нив отседнаа во хотелите на ривиерата, кои се повеќе од солидно исполнети.


-За првомајските и велигденските празници нашите капацитети се 80 проценти резервирани. Се надеаме дека тоа е показател дека ќе продожиме успешно да работиме и во туристичката сезона . Најголем дел од госдтите ни се од Македонија, но исто така имаме гости и од Холандија, Грција, Турција.-изјави Даниела Размоска од х.Гарден Охрид.


Во центарот на Охрид беше раздвижено уште од утрото. Дел од гостите се решија за разглед на културно историските знаменитости, дел се уживаа во кафетериите и рестораните, а дел пак во традиционалната првомајска скара во некое од бројните излетнички места.


„Скара“ на охридски начин – крап под сач

OhridNews