Празниците и убавото време го раздвижија Охрид, кој викендов е полн со гости кои уживаат во одличната понуда на градот. Божикните чествувања ќе бидат заокружени со концерт на црногорската музичка ѕвезда Сегеј Четковиќ, кој ќе настапи утре вечер (недела) на градскиот плоштад во рамки на проектот од „20 до 20 сите во Охрид“.

– Во текот на утрешниот ден за граѓаните на Охрид и сите кои престојуваат во градот имаме една голема балканска музичка ѕвезда, тоа е Сергеј Четковиќ. Ги поканувам сите на градскиот плоштад да се забавуваат и уживаат и на таков начин да се создава една позитивна енергија во градот. – изјави градоначалникот Јован Стојаноски.


Охрид раздвижен и полн со гости

 

OhridNews