Секојдневно низ градот под Самоиловата тврдина никнуваат нови депонии. Она што најмногу загрижува е што ваквите  грди слики се почести во централното градско подрачје. Искршен контејнер, расфрлани пластични шишиња и ќеси, како и поголема количина на гранки и зелен отпад, е глетката на просторот зад Центарот на култура „Григор Прличев“.



Ниту другите делови од градот, не се поштедени од несовесните граѓани. Кај Основното музичко училиште „Методи Патчев“, покрај огромната количина расфрлан отпад, оставен е и градежен шут.

Граѓаните се трпеливи, а очекуваат надлежните да интервенираат на овие две места во Охрид.

О.Т