Китењето со новогодишни украси низ градот е во полн ек.  На терен можат да се забележат екипите на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, кои според најавите во текот на денешниот  ден ќе го завршат украсувањето на градот за претстојните празници.

Според најавите, ќе се украсуваат и деловите кои не спаѓаат во централното градско подрачје. Во најголем дел ќе бидат употребени реквизити од сите години, надополнети со нови детали.

О.Т.