Охрид е во празничен амбиент. На градскиот плоштад деновиве настапуваа најмладите охриѓанчиња, како најава за забавата на најлудата ноќ со Калиопи, Боби Мосјоски, Викторија Лоба, Билјана јуниор и Компас бенд. Градот е прекрасно украсен, а во чаршијата и центарот владее празнична атмосфера. Хотелите се речиси целосно исполнети, во најголем дел со гости од регионот, а во кафулињата и рестораните се бара маса повеќе. 

Охрид е подготвен за уште еден незаборавен дочек на Новата година.


Охрид во празничен амбиент

OhridNews