Туристи од Бугарија, Грција, Србија, Турција, Албанија и од други европски земји одмараат на Охридската ривиера за време новогодишниот продолжен викенд.
Според информациите кои ги добивме од охридските туристички работници, новогодишните празници во Охрид ги поминуваат и голем број домашни гости кои се сместени во приватни апартмани или викенд станови.
И покрај ниските температури на воздухот, голем дел од туристите го искористија денешниот сончев ден за прошетка низ чаршијата и на езерскиот кеј. Полни со гости беа и кафетериите и рестораните, а низ градот владееше вистинска празнична атмосфера.
Низ централното подрачје и низ стариот дел од градот можеа да се забележат и голем број групи на туристи кои во придружба на своите водичи правеа обиколки низ Охрид.
Е.М