На гала настан, вечерва во „Куба либре“, првиот информативен интернет портал кај нас „OhridNews.com“, по шести пат ги прогласи најуспешните приказни во Охрид и ја промовира Годишната ревија на настани.

Добитниците на наградите и екипата на OhridNews.

Како што истакна уредникот на OhridNews, Горан Момироски, годината која изминува помина во знакот на бројот 13, што за OhridNews, секако, е среќна тринаесетка.

  • Пред 13 зими, на 7 декември, започна нашата приказна, која се’ уште ја тркаламе со несмален жар, ентузијазам и желба за успех. Остануваме на курсот зацртан пред 13 години, одговорно и професионално да известуваме и да бидеме хроничари на настаните во нашиот град. Таква е идејата за издавање на Годишната ревија на настани, во која се поместени позначајните случувања кои ја одбележаа годината што изминува во Охрид. Пред вас е шестото издание, кое го подготвивме со поддршка на бројни помагатели, рече Момироски.

Годишна ревија на настани 2019

Годишна ревија на настани 2019

Geplaatst door ohridnews.com op Dinsdag 24 december 2019

Видео: Мега продукција

OhridNews признанието за успешна бизнис приказна му ја додели на Семафор Комерц-Р, претпријатие чие приказна започна во далечната 1989 година, за по изминати три децении да прерасне во „Топ“ трговски бренд.

Од областа на туризмот, потенцирана беше успешната приказна на хотели “Тино”, признат угостителски бренд, кој оваа година одбележува 20 години постоење. Признанието за општествено делување и хуманост, пак, му беше доделено на ЛК Лихнидос, кој од своето формирање во 2009 година до успешно има реализирано над 200 хумани и општествено корисни акции и активности, од кои дваесетина оваа година.

Фото: Емил Јовановиќ 

Признание за трајни вредности доби познатиот ликовен уметник и поет, Драган Спасески Охридски, кој годинава одбележа 30 години творештво и 30 години од неговата прва самостојна изложба.

Признание за трајни вредности доби и уметникот Славко Упевче кој годинава одбележа 50 години од својата прва самостојна изложба.

Охриѓанецот Жарко Тодоровски, две децении ја дели правдата на зелените терени во земјава и судел над 500 натпревари во Првата и Втората лига. OhridNews го избра Тодоровски за спортска личност за 2019 година.

Признание за спектакл на годината доби и навивачката група Рибари која веќе три децении е силна поддршка на охридските спортски клубови.

Настанот со извонреден настап го збогатија музичките уметници Јован Куциноски и Горан Папаз.

Фото галерија:

Најчитаниот интернет портал OhridNews, точка со авторските продукти оваа година ќе стави со музичко сценскиот спектакл “Зимска бајка” која ќе се одржи на 28 декември во сабота со почеток во 20 часот пред целосно распродадената Голема сала на Центарот за култура. .

OhridNews

Фото: Емил Јовановиќ
Видео: Мега Продукција