Надвор од градската гружва, на самото крајбрежје, покрај стариот пат за Струга, се наоѓа комплексот апартмани „City Inn beach apartments“, кој нуди извонредни услови за одмор. Осмислен и дизајниран во слободен стил, со преубав зелен двор со природни сенки, голема скара и простории за јадење и релаксација, комплексот нуди и можност за уживање на мала интимна плажа, што го прави исклучително атрактивен.

„City Inn beach apartments“ официјано беше промовиран изминатиот викенд со забава на која настапи Ѓоко Танески со неговиот бенд. Добредојде на гостите им посака сопственикот на комплексот, харизматичниот Александар Ѓурчев, во негов стил со песна, неизмерно гостопримство и ведрина.

Комплексот „City Inn beach apartments“ е дел од угостителскиот бренд „City inn“ кој успешно работи повеќе години во центарот на Охрид. Тука доаѓаат гости од сите страни на светот, кои своите позитивни искуства ги споделуваат во стотиците коментари на официјалниот профил на овој сместувачки капацитет на социјалните мрежи и специјализираните платфори за онлајн продажба, посочувајќи ја гостољубивоста и уникатното дожививување од Охрид.

OhridNews