Единаесет трофеи, 21 златен и 8 сребрени медали освоија охридските бреинобреин генијалци на VIII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата.

Од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид учествуваа 40 ученици кои ја посетуваат Бреинобреин програмата во 10 категории.

Денес на настан кој беше организиран во просториите на Црвен крст Охрид на малите генијалци им беа доделени медалите и трофеите.

  • Решив десет задачи и многу сум среќен, вели Спиридон.

  • Решив 15 задачи, освоив среберен медал и многу сум среќна затоа што добив таква награда, вели Бисера.

  • Единаесет задачи решив и освоив златен медал, вели Калин.

  • Решив 14 задачи и освоив златен медал, вели Никола.

  • Добив златен медал и решив 10 задачи, вели Марта.

  • Решив 6 задачи и освоив сребен медал, вели Никита.

  • Многу сум задоволен што добив трофеј, решив 21 задача, вели Матеј.

  • Си поминав многу убаво на натпреварот. Решив 27 задачи и многу сум задоволен што освоив трофеј, вели Кирил.

  • На овој натпревар решив 16 задачи и освоив трофеј. Учествував во демо презентацијата и таму освоив со моите другарчиња, Сара, Јован и Наум уште еден трофеј вели Никола.

На натпреварот освоивме завидни резултати со кои можеме да се гордееме и тоа 11 трофеи, 21 златен медал и 8 сребрени медали, рече на денешната прес конференција координаторот и инструктор во програмата Валентина Кузманоска.

Покрај нашиот центар на натпреварот учество земаа уште 11 центри кои функционираат во Македонија.  Самиот натпревар е составен од два дела, три минутно решавање на тест согласно категоријата којашто ја посетуваат учениците и вториот дел од натпреварот се демо презентациите, посочи Кузманоска.

Вториот дел од натпреварот каде што се демо презентациите всушност се состои во прикажување на мултитаскинг вештини од страна на учениците кои се наоѓаат помеѓу 5-то и 10-то ниво, истакна Билјана Николоска, тренер во програмата.

Тука учествуваат само тие ученици кои се на тие нивоа. Притоа секој центар од Македонија се прикажува со по една група. Ние, Центарот од Охрид, се прикажавме со една група од четири ученици кои се 10-то ниво, едни прекрасни дечиња Сара, Наум, Јован и Никола. Тие изведоа многу интересна точка, една интересна ритмичка игра која е е наречена body percussion, односно каде со помош на тропкање на рацете и нозете создаваат музика и притоа избравме интересна музика од Јохан Штраус, Радецки марш. Учениците кога се прикажаа со својата точка тие ритмички ја следеа музиката преку тропкање со рацете и нозете, а во меѓувреме визуелизираа абакус и решаваа диктати од броеви и букви. Голем предизвик е за уениците посебно од повисоките нивоа за решавање на диктати со букви, бидејќи се решаваат во 9 и 10-то ниво, односно секоја буква претставува број и тие треба тоа да го решат. За нив ова не претставува преголема тежина затоа што го вежбаат од 5-то ниво и притоа понатаму е голема помош за квалитетно учење, додаде Николоска.

Инаку, охридските мали генијалци редовно постигнуваат значајни резултати и се закитуваат со низа медали на натпреварите на кои учествуваат, а самата Бреинобреин програма им помага за развој на животни вештини при тоа здобивајќи се со вештини од типот на концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Фото галерија:

Охридските бреинобреин генијалци се закитија со 11 трофеи, 21 златен и 8 сребрени медали

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска