Со разни пораки но со една цел, со заедничка поддршка, почитување на мерките и препораките за надминување на новонастаната ситуација поради коронавирусот (Ковид -19), охридските фудбалери и  спортскиот новинар Михаил Постоловски се приклучија во кампањата „седи дома“ или „останете дома“

Имун на коронавирусот не останаа ниту „рибарите“, кои, ги прекинаа тренинзите и сите активности на неодредено време.

Се уште е неизвесно дали и како ќе продолжи сезоната во Втората Лига, каде се натпреваруваат охриѓани. Најважно е да победиме во битката со коронавирусот и повторно, сите заедно да уживаме во фудбалот и сите други спортови во Охрид.

OhridNews