Тој ги разгледа културно историските знаменитости на градот, како и древните цркви од кои извираат корените на православието. Пред црквата Св. Богородица Перивлепта, еднен од највредните храмови на овие простори, високата делегација беше пречекана од поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј. Заедно со нив Лавров ја разгледа внатрешноста на објектот во кој се нацртани фреските кои ја најавуваат ренесансата многу порано од Италија.
Рускиот министер за надворешни работи во работниот дел од посетата се сретна со македонскиот колега Милошоски. Двајцата министри оценија дека македонско руските одсноси се пријателски но постојат неискористени потенцијали на што треба да работат двете земји, пред се во подобрување на економската соработка, туризмот и енергетиката. Тие разговарале и за можноста за приклучување на Македонија во проектот Јужен поток, јасно посочувајќи дека тоа ќе зависи од проценките на инвеститорот.
– Проектот Јужен поток кој треба Европа да ја поврзе со енергетските извори на Русија го реализира „Гаспром“ со своите партнери. Рутата каде ќе поминува идниот гасовод е во фаза на разгледување и ќе зависи од интересите на идните потрошувачи на природниот гас. Компаниите кои го реализираат овој проект ќе се водат од економските параметри, а ние настојуваме да бидат вклучени и интересите на Македонија и таа да биде дел од овој проект.-истакна Лавров.
На средбата на која беше потпишан договорот за соработка на министертсвата за надворешни работи, станало забор за затворањето на клириншкиот долг на Русија кон Македонија, а се разговарало и за грчко – македонскиот спор за името, како и за прашања од областа на безбедноста и културата. Средбата како што истакнаа двајцата министри е планирана пред три месеци и не претставува никаква промена на курсот во надворешната политика на двете земји.
Министертот за надворешни работи на Русија попладнево во Охрид се сретна со премиерот Никола Груевски, а во негова чест претседателот Ѓорѓе Иванов природи свечен ручек.