Со брза интервенција на професионалната противпожарна служба од Охрид, спасено е маче кое се заглавило во мотор од автомобил паркиран кај градското пристаниште. Мачето најверојатно барајќи спас од студот влегло под хаубата од автомобилот да се засолни и заглавило. Сопственикот ги повикал пожарникарите кои пристигнале брзо за само десет минути и го извлекле заглавеното маче, со што и му го спасиле животот.


Охридските пожарникари спасија маче заглавено во автомобил

OhridNews