Ветрот кој се интензивира попладнево, го разбранува Охридското Езеро, кое и во невреме плени со својата моќ и убавина. Немирните езерски води го заплискуваат кејот каде денеска нема шетачи.

Врнежи проследени со ветар и грмежи, се очекуваат и во текот на ноќта, а на места и во утринските часови во недела.

Охридското Езеро убаво и во невреме

Утре попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен ветер.

 

Г.М.
Фото: А. Момироска