Во пресрет на големиот христијански празник „Собор на Свeти Архангел Михаил“, голем број верници денеска ја посетија истоимената црква во населбата Кошишта, каде се одржа света литургија.

Празникот свечено се одбележува и во домовите на охриѓани кои овој ден го празнуваат како домашна слава или именден.

Според најавите од Дебарско- кичевската епархија, утре на 21- ви ноември со почеток во 9 часот, во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Свети Архангел Михаил“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј.

OhridNews