Над 200 охриѓанки се зачленаа во новоформираниот ракометен клуб Моби Дик и покажаа голема заинтересираност за најпопуларниот спорт во Охрид, ракометот.

Тренинзите ќе се одвиват во спортската сала “Билјанини Извори“, а ќе се тренира три пати неделно. Ракометарките ќе се распределени во возрасни категории, а со нив ќе работат тренерите Јованка Цветаноска, Билјана Б. Смилеска и Софија Цуцелеска.

– Не очекувавме ваков одзив, презадоволни сме од заинтересираноста на охриѓанки за ракометот. Големата заинтересираност ќе биде наш дополнителен поттик за работа со девојките – истакнаа од клубот, Моби Дик 2012.

Мх.П.