Ученикот Ѓорги Ристески од ОУ „Христо Узунов“ го освои првото место. Второрангиран е Петар Пипоски од ОУ „Христо Узунов“, третото место го освои Климентина Коваческа од ОУ „Григор Прличев“ и четвртото место Сара Петреска од ОУ „Христо Узунов“.
Како што информираат од „Јахја Кемал“, на првите најуспешни три ученици, освен стипендии за школување во училиштето, ќе им се доделат и парични награди и сертификати. За освоено прво место 5000 денари, второ место 4000 денари и трето место 3000 денари.
– Првите 10 ученици добиваат право да се запишат во ова приватно училиште без полагање на приемен испит, како и стипендија за школување.Додека учениците рангирани од 11 до 25 место , добиваат право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал„ без полагање на приемен испит, нагласуваат од училиштето.
На регионалниот натпревар по англиски јазик учествуваа ученици осмооделенци од Охрид, Струга, Вевчани, Дебрца, Другово, Дебар, Центар Жупа, Ресен , Кичево, Зајази, Пласница, Осломеј и Демирхисар.