Денес, по петти пат беше отворен Велигденскиот саем во Охрид на кој можат да се видат бројни рачно изработени велигденски украси од учениците во основните и средни училишта, колачи, украсни предмети, да се купи ѓомлезе и питулици, како и интересни предмети изработени од талентираните сограѓани.

Се продаваат по симболична цена за хумани цели-собраните средства ќе бидат донирани за социјално-загрозените семејства. Целта е да се збогати и туристичката понуда на градот.

OhridNews