Фасадните ѕидови од Хотелот „Палас“ деновиве буквално почнаа да се распаѓаат. Долж улицата спроти Студентскиот дом „Никола Карев“ која води до крајбрежјето, поголема количина малтер и фасада се урнати од ѕидините на хотелот.

Оваа локација е доста фрекфентна не само во летниот период, туку во текот на целата година. Оттука поминуваат учениците од основните и средните училишта, студентите и останатата повозрасна популација.

Според граѓаните, некогашниот туристички гигант на охридското крајбрежје се наоѓа во исклучителна лоша состојба. Случајните минувачи апелираат до надлежните, да се преземат соодветни мерки со цел избегнување на несакани последици.

О.Т.